Овој сув колач е иделен да го послужите со филџан црно кафе или пак чаша ароматичен чај …
Потребно е:
130 гр растопен путер
4 јајца
150 гр шеќер
2 кесички ванилин шеќер
60 гр суво овошје
60 гр суви брусници
120 гр брашно
1 лажиче прашок за пециво
шеќер во прав, за посипување
малку путер, за премачкување
Подготовка:
– Во еден сад пенесто изматете ги јајцата со шеќерот. Постепено додадете ги и другите состојки со постојано матење.
– На крај додадете го и сувото овошје и полека измешајте со дрвена лажица.
– Округол калап за куглов со отвор во средина премачкајте го со путер и сипете ја подготвената смеса.
– Ставете да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 30 минути.
– Пред да го послужите посипете го со шеќер во прав.