„Велт“ со репортажа за пеликаните на Преспанското Езеро

Од:

Германскиот магазин „Велт“ објави репортажа посветена на убавините на Преспанското Езеро и незаборавното искуство да се престојува во природа, во изолација и да се набљудуваат пеликани, прици кои речиси и да не можат да се видат на друго место освен во пределите и националните паркови во Преспанскиот регион.

Авторката на текстот пишува за деновите минати на кампување на Преспанското Езеро, за уживањето што го нуди спокојот на природата која била дарежлива во регионот, за тоа место меѓу Стење и Коњско каде со денови може да се престојува и да не се види друг човек.

За Сара Кринге која за себе вели дека не е некој познавач на птиците, уште помалку орнитолог, она што го видела на Преспанското Езеро ја натерало малку поинаку да размислува.

Можноста да се гледаат птиците како пливаат по мирната езерска вода, како ловат риби и во таа изолираност како воопшто да не им пречи човечко присуство за авторката е инпиративно да го напише текстот, но и да промени нешто во нејзините перцепции кон уживањето во самотијата, спокојството што го нуди природата. На крајот авторката која себеси се декларира како динамична личност која е од акција ќе рече дека се уловила себеси како „одеднаш и да не и пречи тоа што со часови само седи и ги гледа приците“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Прошетка „низ воздухот“ во Њујорк

Ана Ололовска

Лондонскиот новогодишен огномет откажан вторпат по ред

Ана Ололовска

Статуата на Христос спасителот ја слави 90-годишнината

Ана Ололовска

Французин тргна пеш на пат околу светот

Ана Ололовска

Хвар прогласен за најубав остров во Европа

Ана Ололовска

Кинезите гласаат за најгрди нови изградби

Ана Ололовска