history.com
Нема да ги најдете во Библијата, но многумина ги негуваат велигденските традиции веќе со векови. Најпознатиот секуларен симбол на христијанскиот празник е велигденското зајаче, кое наводно дошло во Америка со германските емигранти заедно со приказните за кошничката во која се положуваат јајца. Се верува дека украсувањето на јајца датира назад барем до 13-иот век, додека велидгенската парада има уште постари корени. Други традиции, како што е конузмирањето на велигденските слатки, се помеѓу помодерните прилози од овој ранопролетен празник.
Велигденското зајаче
Библијата не спомнува ништо за долгоушестата и краткокрзнестата креатура која им носи вапцани јајца на добрите деца на Велика Недела; без разлика што велигденското зајаче стана најпознатиот симбол во најважниот христијански празник. Точното потекло за верувањето за овој митски цицач не се јасно, но зајаците, кои се познати дека брзо се размножуваат, се прастар симбол за плодноста и за новиот живот.
Според некои извори, велигденското зајаче првпат дошло во Америка во 18-иот век, заедно со германските емигранти кои се населиле во Пенсилванија и ги донеле своите традиции за кошничка за положување јајца, наречена „остерхасе“ или „оштер хавс“. Нивните деца правеле гнезда во кои оваа креатура можела да снесува обоени јајца. Потоа обичајов се пренел низ цела Америка и познатата утринска достава на велигденското зајче се проширила и сега во неа се вклучени чоколади и друг вид на слатки и подароци, додека украсените кошнички ги замениле гнездата. Покрај ова, децата често оставаат моркови за зајчињата во случај да огладнат од сето тоа скокање наоколу.
Велигденско јајце
Велигден е верски празник, но некои негови обичаи, како што е велигденското јајце, се најверојатно поврзани со паганските традиции. Јајцето кој е прастар симбол за новиот живот, е повраано со паганските празници кои се славеле на пролет. Од христијанска перспектива, се вели дека велигденското јајце го претставува излегувањето на Исус од гробот и негово воскреснување. Украсувањето јајца за Велигден е традиција која датира најмалку од 13-иот век, велат некои извори. Едно од објаснувањата за овој обичај е дека јајцата порано биле забранета храна за време на велигденскиот пост, па луѓето ги боеле и украсувале за да го означат крајот на периодот на покајание и пост, и ги јаделе на Велигден во слава на воскреснувањето.
Собирањето јајца и трката со јајца се две популарни традиции врзани со јајцата. Во САД, на Велигденската трка со јајца во Белата куќа децата по тревникот туркаат украсени тврдо варени јајца, и тоа е настан кој секоја година се одржува во понеделник по Велика Недела. Првата одфицијална трка со јајца се случила во 1878 година, кога Радерфорд Хејс бил претседател. Овој настан нема религиозно знаечење, иако некои луѓе го сметаат тркалањето јајца како симболика за каменот кој го спречувал гробот на Исус да биде истуркан, по што дошло до негово воскреснување.
Велигденски слатки
Велигден е вториот празник во Америка, по Денот на вештерките, кога се продаваат најмногу слатки. Помеѓу најпознатите слатки подароци поврзани со овој празник се чоколадните јајца, кои во Европа датираат од 19-иот век. Јајцата од дамнина се поврзани со Велигден како симбол на новиот живот и воскреснувањето на Исус. Друга слатка во облик на јајце се бомбоните, кои станале асоцијација на Велигден во триесетите години на 20-иот век (иако потеклото на бомбоните оди назад се до библиско доба, а тогаш биле познати како локуми). Според Националната асоцијација на конфекционери (производители на слатки) во САД, секоја година се произведуваат над 16 милијарди бомбони само за Велигден, што е доволно да се исполни јајце со димензии 30 метри високо и 20 метри широко. Во изминатата деценија, најпродавани слатки кои не се чоколади за Велигден биле манчмелоу Пиип, или шеќерната пастелно обоената слатка. Производителот на слатки од Пенсилванија, фирмата Џаст Борн (основана од рускиот емигрант Сем Борн во 1923 година), почнале да ги продаваат Пиип во 50-ите. Оригиналните Пиип биле рачно направени, жолти стапчиња со вкус на манчмелоу, но подоцна биле воведени и други облици и вкусови, меѓу кои и зајчиња од чоколадо.
Велигденската парада
Во градот Њујорк, традицијата за велигденската парада датира од средината на 19-иот век, кога повисоките класи во општеството оделе на велигденски служби во бројните цркви на Петтата авенија, а потоа излегувале надвор и ја покажувале новата пролетна облека и шапките. Просечните граѓани почнале да се собираат долж Петтата авенија за да видат што се случува. Традицијата го достигнала својот врв во средината на 20-иот век, а во 1946 година во кината почнал да се прикажува и популарниот филм „Велигденска парада“ со Фред Астер и Џуди Гарланд, и со музиката на Ирвинг Берлин. Во насловната тема стојат стиховите: „Со твојата велигденска наметка со сите украси на неа, ќе бидеш највеличенствената дама на велигденската парада“.
Традицијата за велигденската парада се уште живее на Менхетен, долж Петтата авенија, а тој ден од 49-та до 57-та улиците се затворени за сообраќај. Учесниците често носат елегантн дизајнирани наметки и шапки. Овој настан нема религиозно значење, но извори забележуваат дека велигденската процесија била дел од христијанството уште од неговите најрани денови. Денес и други градови низ Америка исто така имаат свои паради.