(ВИДЕО) Ковачевски со спот за Велигден: Зелената боја е зелена енергија, а тоа значи поевтина струја

Од:

Ветерници, зелени енергии, струја, обновливи извори. Премиерот Димитар Ковачевски сними спот како честитка до православните верници по повод најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение кој го поврза со обновливи извори на енергија и ветерници.

Знаеш зашто боиме јајца за Велигден? Тоа симболизира нови почетоци и промени. Промените ги создаваме ние.

-Учевме дека зелената иднина е многу важна, затоа јас ќе го обојам зелено.

-Зошто е важна?

Затоа што така ја штитиме нашата земја и планетата

-Зелената иднина е всушност е зелена енергија а тоа значи поевтина струја нови работни места и енергетка независност..

Честитката е објавена на Фејсбук профил на Ковачевски, кој по дијалогот за зелената енергија упатува и честитка.

-Велигден е време на обнова и надеж. Време на промени и нови почетоци кои носат прогрес и развој. Време кога заедништво и грижата еден за друг ни дава сила да се справиме со сите предизвици кои стојат пред нас и да работиме заедно за да изградиме посветла и подобра иднина за сите. Во овие Велигденски празнични денови вам и на вашите семејства ви посакувам многу здравје, спокој и мир. Нека ни е честит Велигден! Да сте живи и здрави!, вели во честитката Ковачевски.

Би можело да ве интересира

Велигден во „Шутка“ – затворениците го прославија празникот

Православните верници го слават Велигден

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради празникот Велигден

Велика Сабота – денот меѓу смртта и воскресението

Велигденско послание на г.г. Стефан: Со нашата вера и со богоугодни дела да го озариме светот со велигденска радост

Државниот врв на Велигденски ручек

А1он