Велигденски базар во ТЦ „Капитол“

Од:

Велигденски базар на кој ќе може да се видат креативни занаетчиски производи од членови на Занаетчиската комора денеска ќе се одржи пред трговскиот центар „Капитол“ во организација на Општина Аеродром, ТЦ „Капитол“ и Занаетчиската комора на Скопје.

На базарот ќе може да се видат и изработки од членовите на невладините организации за лица со посебни потреби на територијата на Општината, меѓу кои Солем, Порака, Мобилност и Доблест.

Целта на велигденскиот базар е да се промовираат традиционалните вредности преку промоција на занаетчиски изработки како филигран, производи од дрво, плетиво, текстил, накит, разни украси, изработки од стакло и други рачни изработки.

Во рамки на базарот, кој ќе биде отворен секој ден од 10 до 20 часот, ќе се одржуваат и културно забавни активности на професионални аниматори, мини-концерти на етно-бендови и други познати пејачи, како и промоција на техники за изработка на велигденски украси.

Би можело да ве интересира

Велигден – зошто не е секоја година на ист ден и како се пресметува датумот

Катерина Ѓуровски

МПЦ-ОА: Овој Велигден го славиме во канонско единство

Православните верници денеска го слават Велигден

За Велигден бесплатно паркирањето во Охрид, во вторник слободен влез во музеите низ градот

(ВИДЕО) Ковачевски со спот за Велигден: Зелената боја е зелена енергија, а тоа значи поевтина струја

Државна и црковна делегација во Ерусалим на преземање на Благодатниот оган во Базиликата на Светиот гроб

Ана Ололовска