Велигденски базар „Од децата, на децата, за децата!“

Од:

Под мотото „Од  децата, на децата, за децата!“ во организација на Група на здруженија за ретки болести денеска ќе се одржи Велигденски Базар, со цел подигнување на јавната свест за ретките болести.

Организатори на настанот се: Здружение за Цистична Фиброза, Здружение на родители на деца со ендокринолошки заболувања “Раст”, Македонската асоцијација за КРОН И УЛЦЕРОЗЕН КОЛИТИС (МАКУК), Здружение за ХМЛ, Здружение на хемофиличари, Асоцијација за детски дијабет на Македонија – Баланс, Здружение за лица со дијабетес Алегрија и граѓани со Акромегалија.

Организаторите посочуваат дека е потребно да се подигне јавната свест за постоењето на овие ретки болести, да се подобри раната дијагноза кај истите, да се подобрат условите за третман и пристапот до соодветна медицинска и физикална терапија и помагала, како и да се овозможи социјализација и интеграција на болните со ретки болести во сите сфери од секојдневното живеење, преку олеснување на потешкотиите со кои тие секојдневно се судираат.

Донираните средства и средствата добиени со продажба на велигденските ракотворби во целост ќе бидат донирани на Институтот за белодробни заболувања на деца – Козле, за подобрување на квалитетот на лекување на децата и воведување на нови дијагностички процедури.

Би можело да ве интересира

Велигден – зошто не е секоја година на ист ден и како се пресметува датумот

Катерина Ѓуровски

МПЦ-ОА: Овој Велигден го славиме во канонско единство

Православните верници денеска го слават Велигден

За Велигден бесплатно паркирањето во Охрид, во вторник слободен влез во музеите низ градот

(ВИДЕО) Ковачевски со спот за Велигден: Зелената боја е зелена енергија, а тоа значи поевтина струја

Државна и црковна делегација во Ерусалим на преземање на Благодатниот оган во Базиликата на Светиот гроб

Ана Ололовска