Неодолив чоколаден колач …
Потребно е:
1 чаша (од 250 мл) пченично бело брашно
1 чаша пченично интегрално брашно
1/4 чаша какао во прав
1 лажиче сода бикарбона
прстофат сол
1 чаша шеќер во прав
1 чаша свеж сок од портокал
1/4 чаша масло
1 лажица јаболков оцет
1 ванилин шеќер
малку рендана кора од портокал
2 портокали (ситно сецкани)
2 лажици мармалад
околу 120 гр чоколадо
шеќерни топчиња, за декорирање
Подготовка:
– Во еден сад ставете ги сите суви состојки, па додадете ги сокот од портокал, маслото и оцедот. Убаво изматете.
– Додадете ја изренданата кора од портокал и ситно сецканите портокалите и измешајте убаво.
– Смесата сипете ја во тава обложена со хартија за печење и ставете да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 40 минути.
– Печениот колач извадете го од калапот и оставете да се излади.
– Премачкајте го со мармаладот.
– Чоколадото растопете го на пареа, оставете да се излади и потоа прелијте го над мармаладот. Декорирајте со шеќерни топчиња.
– Кога ќе се стегне чоколадото, исечете го на парчиња и послужете.