И оваа година, Општина Центар за сите деца кои остануваат во градот на овие летни температури, организира дружење и забава.
Изминатите години проектот „На одмор сум, во Скопје сум, општина Центар мисли на мене“ се одржуваше во паркот во Капиштец, а годинава освен во овој парк, претстави ќе се одржуваат и на неколку локации во Градски ѕид.
Летниот мини театарски фестивал „Жапчиња 2017“ е во организација на Општина Центар во соработка со здружението „Култи-ватор“ и театарот “Арт Вени Види“.
Фестивалот започнува вечерва (19:00 часот, паркот во Капиштец), а децата, но и нивните родители, баби и дедовци, ќе може да уживаат во приказната и случките на „Убавата принцеза Галена“.
Следните термини ќе бидат во јули и август и се резервирани за преставите „Солта е поскапа од златото“, „Верче-Ѕверче“ и „Двете самовили“.