Вебинар на Тиери Бајле од Лондон

Од:

Во рамки на едукативната и бизнис програма на Моден викенд Скопје, денеска на Скопски саем ќе се одржи видео конференција (вебинар) на која основачот на Global Fashion Management Тиери Бајле во живо од Лондон ќе одржи предавање и менторски сесии.

Бајле, кој ќе зборува на темата „Топ златни правила за зголемување на продажба“, повеќе од две децении се занимава со консултантство од областа на модниот бизнис. Неговото професионално портфолио вклучува клиенти како Alberta Ferretti, Calvin Klein, DKNY, DVF, Kenzo, Monnalisa, Moschino, Paula Ka, Sergio Rossi, Smalto и Versace.

На предавањето на Бајле освен модни дизајнери, ќе присуствуваат и претставници на македонски фабрики-членки на Текстилниот кластер Македонија, а индивидуални менторски сесии ќе имаат Ирина Тошева, Росица Мршиќ, Јована Филиповиќ и претставници од „Линеа“ и „Саитис“.

Од 27 до 29 март во компанијата за едукација и поддршка на млади таленти NewMan’s Business Accelerator во Скопје се одржа работилница на тема „Развој на моден бизнис“ под менторство на Жан Бутон. На тридневната работилница учествува Емилија Норис, Ирина Тошева, Лили Кадинска (Ле Бренд), Мелани Димитровска, Олгица Ѓоргиева, Росица Мршиќ, Симона Ристовска и Теа Пупкова.

Жан Бутон кој доаѓа од Париз, има долгогодишно искуство во развој на бизнис и бизнис стратегија. Неговото портфолио вклучува работни позиции во маркетинг и комуникации, консултантство и проект-менаџмент. Моментално работи како главен финасиски менаџер за македонско-францускиот бренд „Ристо“ основан од познатиот македонски дизајнер Ристо Бимбилоски кој над две децении работи во Париз.

Би можело да ве интересира

Драматично издание на Мадона на ревијата во Милано: Пристигна со круна на главата

Предраг Петровиќ

Стоп на новата мода, некој треба да се уапси, доаѓаат најгрдите чизми

Предраг Петровиќ

Јапонија низ креации на македонски дизајнери – Алшар, Ивановски, Маригуча и Технолошкиот факултет со свои креации на Нихон-Џи 2.0

Ана Ололовска

Познатата манекенка се сликаше гола за Велигден: поради скандалозната фотографија ги исклучи коментарите, не можеше да ги поднесе навредите

Ана Ололовска

Поранешна манекенка колабираше на работа и почина – имаше само 25 години

Горан Наумовски

Најпознатите македонски модели блеснаа во комбинации од Fashion Group

Горан Наумовски