Ве молиме, не пржете јајца на патот!

Од:

Туристите, кои ја посетуваат американската Долина на смртта во иднина би требало да се воздржат од пржење јајца на патот, порачува тамошниот тим за одржување на редот и мирот.

Имено посетителите на најтоплото место во САД, каде температурите достигнуваат и до 50 степени Целзиусови, сакаат да се сликаат покрај јајца испржени на жешкиот асфалт и со тоа зад себе оставаат неверојатен неред.

Властите во апелот упатен преку нивниот Фејсбук профил им советуваат на туристите за експериментот да користат тава.

– Екипата за одржување на Долината на смртта мора да ги чисти јајцата директно од асфалтот, вклучувајќи ги и фрлените амбалажи и лушпите, се наведува во апелот.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска