Вавилон: Древната порта на боговите

Од:

Најстарата сочувана мапа го прикажува светот како рамен диск, опкружен со вода. Тој свет е претежно месопотамиски, а за најистакнато место на мапата се изборил еден град со големо влијание врз светската култура.

Тоа бил град над градовите и моќен центар на цивилизацијата. Космополитски град – пример, предмет на мечтаење и награда на царствата, кој на Рим  му бил постар брат, а на Александар престолнина.

Според некои тука се наоѓал центарот на префинетоста, убавината и сетилноста, а според други центарот на сите пороци, сведени на еден лик „бесрамната блудница“. На крајот тоа бил град преку кој, човекот се осмелил да им се приближи на боговите. Тоа бил Вавилон.

bab

Неговото име е изведено од зборот „баб-или“ (порта на боговите) и се наоѓа на околу 85 километри јужно од денешен Багдад.

Портата на божицата Иштар зрачи со егзотична убавина, украсена е слики од бикови и змејови (мушхушу), на сина глазирана површина.

Оригиналната капија била двојна и со два пати поголеми димензии од сегашната, додека во берлинскиот Пергамски музеј реконструиран е само мал дел од неа. Низ неа инаку водел Процесискиот пат се до главниот храм посветен на Мардук, врховниот бог на вавилонскиот пантеон.

Ancient_City_of_Babylon

Во институцијата наречена гагум се наоѓале жени „надити“, кои потекнувале од најугледните семејства. Како свештенички на Мардук со право да се омажат, но не и да имаат деца, тие живееле изолирано и независно, често пати водејќи свои инвестициски работи.

Residents visit the ancient city of Babylon near Hilla

Поволната клима и изобилството на храна, како и напредниот иригационен систем го условиле развојот на таа блескава култура.

Во Вавилон изникнале градежни чуда, како Етеменанкија и Семирамидините висечки градини, унапредени се се знаењето за астрономијата, математиката, медицината и географијата, за потоа вавилонско-асириската култура да биде вткаена во грчко-римската и персиската.

Поделбата на денот на 24 часа, на часот на 60 минути и на минутите на 60 секунди, сме го презеле од Вавилонците, но тука се измислени и некои секојдневни работи, како на пример кобасиците.

babylon-project-2010

Денес длабоко вкотвен во меморијата на човештвото Вавилон повторно ја придвижува нашата имагинација. На почетокот на остатоците од некогашниот град стои моќната фигура на Хамураби, кој во рацете го држи првиот пишан законик во историјата.

Градот претрпувал големи промени, уривања и повторни градења, но дури кралот Набукодоносор Втори, користејќи ги плановите на својот татко, го издигнал Вавилон до невидени височини. Со зголемувањето на моќта и ширењето на границите на царството следела соодветна реконструкција на неговата престолнина.

1babylon

Како круна на целата работа се издгинала Вавилонската кула, масивна градба со храмот на Мардук на врвот. Висока 91 метар, достигнувајќи го за тоа време небото, „проголтала“ најмалку 17 милиони парчиња тули и оставила толку длабоко влијание на Евреите, така што легендата за Вавилон никогаш не е заборавена.

babylon-tower

Во кралските одаи подоцна се нашол Кир Велики, основачот на Персија, а нешто подоцна и Александар Велики. Со смртта на Александар меѓутоа почнало да заоѓа и сонцето на Вавилон. За време на Сасанидите градот дефинитивно е напуштен и речиси две илјади години служел како обично место за позајмување на градежен материјал.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска