Директорката на Ватиканските музеи, Барбара Јата ја нагласи се поголемата некултура и невоспитание на посетителите на можеби најугледните светски музеи.
Како пример таа ги наведе мастиките залепени под дрвени клупи коишто датираат од 17. век.
– Секој ден, чистачите на музеите таму пронаоѓаат сешто… Полупразни шишиња вода, на пример. Таков недостаток од култура… Мора да се прашате како е тоа можно!, изјави Јата.
Друг пример е тоа што еден татко го качил своето дете на столче во галеријата за да направи подобра фотографија.
– Дури и култивираните, елегантни, службено повикани луѓе прават такви работи, додава таа.
Барбара Јата е прва жена на чело на Ватиканските музеи, во нивната историја. Беше именувана од папата Франциско пред околу една година.