Ванилици со афион

Од:

Вкусни посни колачиња, малку поинакви од обичните ванилици, но неверојатно вкусни…

Потребно е:
250 г маргарин, на собна температура
130 г шеќер во прав
1 кесичка ванилин шеќер
300 г брашно
200 г мелен афион
џем, по желба

Подготовка:
– Вклучете ја рерната да се загрее на 170 Целзиусови степени. Земете две тави за печење и обложете ги со хартија за печење.

– Во еден сад ставете ги маргаринот, шеќерот во прав и обичниот шеќер. Изматете ги убаво додека маргаринот не стане пенест. Додадете ги брашното и мелениот афион и со рака замесете тесто.

– Поделете го тестото на неколку дела и еден по еден развлечете ги меѓу две пластични фолии. Тргнете ја горната фолија и со чаша или калап исечете кругови од тестото. Наредете ги круговите тесто на хартијата во тавите и ставете ги да се печат во загреана рерна 8-10 минути.

– Печените колачиња оставете ги малку да се изладат затоа што ќе бидат меки, а потоа префрлете ги во чинија и оставете ги убаво да се изладат.

– Изладените колачиња спојувајте ги две по две со џем. Чувајте ги во метална кутија.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска