Ванилици

Од:

Фини домашни колачиња …

Потребно е:
500 гр меко брашно
200 гр шеќер
2 јајца
1 пакетче прашок за печиво
250 гр маргарин
сок од половина лимон + кора од половина лимон

Подготовка:
– Брашното ставете го во длабок сад.

– Ладниот маргарин исечкајте го на помали коцки и ставете го во брашното. Со раце втријте го маргаринот во брашното за да добиете ронливо тесто. Потоа додадете ги шеќерот, јајцата, печивото и сокот и кората од лимонот.

– Месете со раце додека да формирате меко тесто. Тестото кое ќе го формирате ќе биде меко и ронливо. Ставете го во ќеса и во фрижидер да се олади околу 1 час.

– По 1 час, поделете го тестото на 2 дела и секој дел расукајте го со сукало на набрашнета површина. Развлекувајте со сукало што потенко, но не и претенко.

– Од развлеченото тесто со мала чаша вадете тркалезни облици.

– Тркалезните облици редете ги на тавче обложено со хартија за печење.

– Ставете ги да се печат во рерна загреана на 220 целзиусови степени околу 10 минути.  Печените колачиња не треба да добијат боја во текот на печењето, туку треба да бидат светли.

– Кога ќе бидат испечени, оставете ги кратко да се оладат за да не бидат врели и намачкајте неколку со џем од кајсии. Потоа, намачканото колаче со џем преклопете го со празно колаче. Уште додека се топли, обложете ги во шеќер во прав.

– Чувајте ги во лимена кутија за колачи.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска