Зеленото јаболко и дава на оваа салата еден интересен киселкаст тон …
Потребно е:
500 гр црвени јаболка
сок од половина лимон
4 мали стракчиња целер
150 гр мајонез
100 гр ореви
неколку зрнца суво грозје
Подготовка:
– Јаболките излупете ги и исечете ги на парчиња. Прелијте ги со лимонов сок.
– Додадете ги крупно сецканиот целер, мајонезот, зачинете со сол и бибер и измешајте.
– Пред крај додадете ги оревите и сувото грозје и измешајте.
– Сервирајте на зелена салата.