„Обични” вафли збогатени со јаболки и вино доволни за уживање во овие зимски денови …
Потребно е:
125 гр путер, на собна температура
2 јајца
60 гр шеќер
50 мл бело вино
70 мл масло
350 гр бело брашно
1 прашок за пециво
прстофат сол
малку цимет
2 јаболки
2 пакетчиња ванилин шеќер
и уште:
3 лажици истостирани ливчиња бадеми
2-3 лажици багремов мед
Подготовка:
– Пенесто изматете го омекнатиот путер и со постојано матење додадете ги јајцата, шеќерот, виното и маслото.
– Додадете го брашното со прашокот за пециво и сол во него и на крај додадете го и млекото. Смесата убаво измешајте ја и оставете ја да отстои 30-тина минути.
– Потоа во неа додадете ги изренданите јаболки со ванилиниот шеќер и циметот во нив.
– Ставајте од смесата на загреан апарат за вафли, поклопете и печете околу 3 минути.
– Печените вафли посипете го со испечените ливчиња бадеми, прелијте ги со мед и послужете ги.