Утре ќе се појави „сина месечина“

Од:

По вторпат овој месец, природата утре ќе ни приреди несекојдневно доживување – на небото ќе се појави така наречената полна „сина месечина“.

Секоја трета година по ред, се појавува оваа „екстра“ полна месечина, со која годинава ќе има тринаесет полни месечини, појава која астрономите ја нарекоа „сина месечина“.

Утрешниот феномен не е тринаесетти оваа година, но до крајот на декември ќе има вкупно 13. Тоа не значи дека Месечината ќе биде навистина сина, туку само така ќе изгледа и така се нарекува.

За последен пат ова се случило на Нова година во 2009. година.

Фразата „сина месечина“ во времето на Шекспир, означувала редок или апсурден настан, кој се случува еднаш за околу 400 години.

Научниците на НАСА појавата ја објазнуваат како резултат на вулканските ерупции или големите пожари од кои можеби Месечината „посинува“. Честичите од овие појави што завршуваат во атмосферата, како што е вулканската пепел, не ја пропуштаат преку себе инфрацрвената светлина, но пропуштаат други бои, па можеби затоа таа изгледа сина.

Како и да е погледнете утревечер на небото и видете ја невообичаената појава.

Би можело да ве интересира

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

Астронаутите инсталираа нови соларни панели на ISS

Ана Ололовска

Најголемата вселенска експлозија: Научниците никогаш не биле сведоци на нешто од вакви размери

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Лансирана најголемата ракета во историјата: полета, па набрзо експлодира и потполно се распадна

Ана Ололовска

Научниците открија повторлив радио сигнал од планета со големина на Земјата