Новата вакцина против ебола, што се тестира во САД, дава први охрабрувачки резултати, јавуваат американските медиуми, повикувајќи се на научници од Националниот институт на САД за алергии и заразни болести.
Вакцината е разработена од институтот и фармацевтски гигант ГлаксоСмитКлајн. Резултатите од првите клинички тестирања во кои учествуваат 20 здрави доброволци, се објавени вчера во „Њу Ингланд журнал оф Медисин“.
Под дејство на препаратот имунолошкиот систем на учесниците во истражувањето почнал да произведува антитела, што се борат против вирусот Ебола.
Претходно овој месец доктор Антони Фаучи, директор на институтот изјави во Конгресот дека првите резултати се доволно охрабрувачки за САД да може да планираат поголемо истражување во Западна Африка, почнувајќи од јануари во Либерија.
Белата куќа ги поздрави истражувачите оценувајќи го постигнатото како важен чекор на патот кон целосно ликвидирање на опасниот вирус.