Брзи, лесни за подготовка и многу вкусни …
Потребно е:
200 гр брашно
1/2 прашок за пециво
3 јајца
200 гр сирење
100 гр сецкана салама (по желба)
200 мл јогурт
сол
масло
Подготовка:
– Со маталка пенесто изматете ги јајцата. Додадете го издробеното сирење, јогуртот, брашното, саламата, прашокот за пециво и солта. Убаво измешајте.
– Во подлабок сад на рингла загрејте го маслото.
– Со лажица земајте парчиња од тестото и спуштајте ги во врелото масло. Пржете ги додека да поруменат од сите страни.
– Служете ги топли со јогурт, кисела павлака или кисело млеко.