Уругвајски ученик заработил 10.000 долари откривајќи пропуст на Гугл

Од:

Уругвајскиот ученик Езакиел Переира благодарение на Гугл за само некоку часа заработи 10.000 долари.

Переира успеал да ги заработи парите откако открил пропуст во серверите на Гугл, преку кој бил можен пристап до приватните податоци на корисниците.

Како што објасни Переира на својот блог, „на 11 јули му било здодевно, па решил да пронајде некој баг на Гугл“.

– Чепкав нешто по сајтот и наидов на зборот „Гугл конфиденшанл“ („Гугл доверливо“), Веднаш ја пријавив грешката и за само неколку часа добив одговор, напиша Переира.

По неколку недели повторно го контактирале од Гугл и го информирале дека поради откриената грешка заработил 10.000 долари.

Переира, кој оваа година завшил средно училиште, на својот блог тврди дека досега со слични „откритија“ на пропости во интернет системите заработил 16.000 долари.

Би можело да ве интересира

Американското Министерство за правда го тужи Гугл поради монопол

Горан Наумовски

Австралиска Влада: Успешен e законот кој ги обврзува Мета и Гугл да им плаќаат на медиумите

А1он

Русите истражуваат како да си ги скршат рацете за да избегнат мобилизација

А1он

Гугл ја загуби жалбата против ЕУ, мора да плати казна од 4 милијарди евра

А1он

Гугл му даде отказ на инженерот кој тврдел дека една од програмите има свест

Горан Наумовски

Гугл повторно казнет во Русија