Кога некој од Холивуд би одлучил да снима психолошки трилер во Амазонија, урнатините Парикатуба би биле совршена сценографија.
Огромни корени навираат од темелите на напуштената вила Парикатуба во близина на градот Манаус, кој се наоѓа во срцето на прашумата и кој оваа година ќе биде еден од градовите домаќини на Светското фудбалско првенство.
Туристите, кои ќе доаѓаат на натпреварите веројатно самите нема да можат да дојдат до овие урнатини, имајќи предвид дека не постојат дури ниту патокази до ова место.
Меѓутоа оние кои живеат во близина на Парикатуба, се надеваат дека барем некои од 52-те илјади посетители, колку што се очекуваат на Првенството, ќе посакаат да ги видат овие необични структури.
Вилата е изградена во 1898 година, кога поради производството на гума на кратко Манаус беше еден од најбогатгите градови во светот. Таа во почетокот била дом на италијански имигранти, кои доаѓале да тргуваат со гума.
Нејзиното пропаѓање во текот на следниот век го следеше пропаѓањето на Манаус.
Откако имигрантите од Италија престанаа да доаѓаат, одреден период објектот служеше како уметничко училиште водено од француски свештеници, а потоа стана казнено-поправен дом, се додека постепено не бил „преземен од прашумата“.