Проектот „Арт парк“ ги претвори старите ѕидови околу загрепскиот парк Рибњак – во уметнички платна. Сликарите од Хрватска, Србија, Европа, Северна и Јужна Америка, сите оставија белег со своите графити.
На настанот присуствуваа креативци од повеќе земји. На хрватските уметници Лунар, Смек, Постер, Чез, Кисмо, Тилто Уан и Круно Торн, им се придружија и Ентони Брукс од Чикаго, САД, Кејсер од Лондон, Велика Британија, Номен од Лисабон, Португалија, групата „Повеќе од зборови“ од Дортмунд, Германија, Утопија од Сао Паоло, Бразил, и Призма од Чиле. Тука е и уметницата Јана Даниловиќ од Белград, натаму – Кларxy, Хана Тинтор и Артикал 31 од Загреб и Фио Силва од Аргентина.
„Арт парк“ ќе трае до 8 септември, а галеријата на отворено ќе остане така и потоа.