Од Книгата на жалоста по повод смртта на Јосип Броз Тито, се украдени 40 страници во која биле евидентирани записи и потписи на познати светски државници од 80-те години на минатиот век, а дел од нив на 3 јуни ќе се најдат на аукциска продажба во шпанскиот град Малага.
Како што објави медиумската мрежа Антидот, станува збор за 12 странци од Книгата на жалоста.
Споменатите страници, се само дел од многу гоголемата колекција од 40 страни исечени од Книгата на жалоста и украдени од Музејот на историјата на Југославија.
Кражбата на делови од Книгата на жалоста на Тито никогаш не е пријавена на надлежните органи, затоа што, како што се тврди, никому во Музејот и во српското Министерствот за култура не му било познато дека ги нема.
Инаку, собирањето автограми и записи на значајни историски личности денес претставува многу важна и ценета гранка на колекционерството, за што доказ се примерите на аукци,и каде некои автограми се продадени за астрономски суми.
Како пример, еден од најпознатите случаи претставува писмото на првиот претседател на САД, Џорџ Вашингтон, кое во декември 2009 година беше продадено за фантастични 3,2 милиони долари.
Меѓу експонатите, кои се најавуваат за аукција во Малага, се и посветата за Тито на генералниот секретар на Комунистичката партија на Советскиот Сојуз, Михаил Горбачов, напишана за врема на неговата посета на поранешна Југославија на 15 март 1988 година.
Ќе бидат понудени и изразите на сочуство од камбоџанскиот крал Нородом Сиханук, кој во Беглрад претстојувал на 12 август 1982 година, потоа на генералниот секретар на Комунистичката партија на Кина, Ху Јаобинг од 11 мај 1983 година, на идиската премиерка Индира Ганди од 8 јуни 1983 година, на романскиот претседател Николае Чаушеску од 12 ноември 1987 година, како и на сирискиот претседател Хафез ел Асад од 28 април 1982 година.
Меѓу нив се и посветите на лидерот на Палестинската ослободителна организација (ПЛО), Јасер Арафат од 21 декември 1988 година, на ирснскиот врховен лидер Али Хамнеи од 3 декември 1989 година, на заирскиот претседател Мобуту Сесе Секоа од 21 март 1988 година, на претседателот на Зимбабве, Роберт Мугабе, од 25 мај 1985 година, на шведскиот премиер Улоф Палме од 21 јуни 1983 година и Џорџ Буш постариот, кој во својство на потпретседател на САД го напишал сочусувото на 17 септември 1983 година.