Твитер воведува нови правила за политичко рекламирање

Од:

Твитер најави мерки кои треба да обезбедат поголема транспарентност околу политичките реклами на оваа социјална мрежа.

За таа цел, компанијата има намера да усвои построга контрола на содржината и да формира центар каде што ќе се снимаат информациите за рекламите.

– Ќе бараме од огласувачите јасно да ги идентификуваат огласите, изјави на својот блог Брус Фалк, еден од управителите на Твитер.

Овие мерки технолошките гиганти ги преземаат по наводното мешање на руски структури во американската предизборна кампања во 2016 година.

Американски сенатори минатата недела предложија – за социјалните мрежи да се воведат правилата за транспарентност коишто важат за телевизиските канали.

Фејсбук, Твитер и Гугл пред неколку недели на своите платформи пронајдоа содржини финансирани од руски извори за време и по кампањата лани.

Би можело да ве интересира

Маск го купи Твитер за 44 милијарди долари, а сега вреди помалку од 20 милијарди долари

Ана Ололовска

На Twitter не работи речиси ништо

Ана Ололовска

Твитер продолжува да отпушта вработени

Ана Ололовска

Маск: Ќе ја напуштам функцијата шеф на Твитер штом најдам некој доволно глупав за оваа работа

Ана Ололовска

Илон Маск ги укина суспензиите на неколку новинари на Твитер

Ана Ололовска

Маск најави големи промени на Твитер: „Болно, но неопходно“

Ана Ололовска