Твитер се соочува со бројни заминувања на вработени по ултиматумот на Маск

Од:

Твитер се бори да ги задржи вработените откако неговиот нов сопственик Илон Маск побара тие да се посветат на прекувремена работа со висок интензитет или во спротивно да ја напуштат компанијата.

Кризата во Твитер синоќа достигна нов врв, бидејќи стотина вработени беа објавени дека го отфрлиле ултиматумот на Маск, загрозувајќи ја способноста на компанијата да продолжи нормално да работи, пишува „Гардијан“.

Откако компанијата привремено ги затвори своите канцеларии за вработените, корисниците на Твитер почнаа да се збогуваат со оваа социјална мрежа и да се поврзуваат со сметки на други платформи.

Заминувањата од компанијата вклучуваат голем број инженери одговорни за поправање грешки и спречување на прекини во услугата, покренување прашања за стабилноста на платформата поради загубата на вработени и поттикнување дискусии за управувањето за потребата да се вратат некои вработени, рекле сегашните и поранешните вработени на Твитер.

Како прв знак дека бројот на луѓе кои одбиваат да го потпишат ултиматумот на Маск е поголем од очекуваното, е неговото ново известување до вработените во четвртокот преку кое тој им порача дека ќе им биде дозволено да работат од дома доколку нивните менаџери ги потврдат нивните „одлични перформанси“.

Би можело да ве интересира

X ќе му плати 10 милиони долари на Трамп за суспендирање на неговата сметка на оваа социјална мрежа

Ќе се борам за вас секој ден со секој здив во моето тело, порача Трамп

Тужба против Маск за измами при купувањето на Твитер

Макрон го критикуваше мешањето на Маск во изборите во Европа

Блумберг: Илон Маск е првиот човек со нето богатство од 400 милијарди долари

Горан Наумовски

Гардијан се повлекува од X мрежата на Маск, вели дека станала „токсична“