Традиционална турска погача, неверојатно мека и вкусна …
Потребно е:
500 гр брашно
околу 10 гр свеж квасец
малку шеќер
малку сол
1 јајце
3-4 лажици масло
топла вода
за филот:
младо кравјо сирење
бланширан и исецкан спанаќ
сол
1 јајце
2 лажици кисела павлака
2 лажици гриз
за премачкување:
1 жолчка со малку масло
малку путер, за премачкување на тавата (или користете хартија за печење)
Подготовка:
– Во еден сад изматете го квасецот во малку млака вода со шеќер и оставете да надојде. Кога ќе стаса ставете го во брашното. Додадете ги и останатите состојки и замесете тесто. Тестото покријте го со крпа и оставете го 30-тина минути да надојде.
– За тоа време подгответе го филот. Во еден сад ставете ги сите состојки за филот и убаво измешајте да добиете хомогена смеса.
– Стасаното тесто ставете го на набрашнете работна површина и со сукало развлечете го. Потоа со чаша за вода вадете кругови од тестото.
– На секој круг ставете по една лажица од филот и потоа тестото стиснете го од двете страни да направите како чамец.
– Наредете ги во тава како на сликата.
– Тестото одозгора премачкајте го со изматена жолчка со малку масло и оставете го да стои 15-тина минути.
– Ставете го да се пече во загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 30 минути.