Туркменистан забрани црни автомобили

Од:

Претседателот на Туркменистан, Гурбангулји Бердимухамедов донесе потполно бесмислена одлука, односно закон со кој што во главниот град на земјата е забрането возење на црни автомобили.

Оправдувањето за оваа одлука е дека црната боја привлекувала несреќа, а претседателот Бердимухамедов смета дека белата боја носи среќа, па ја препорачуваа таа.

Туркменистан во 2015 година забрани увоз на црни автомобили и препорача купување на возила во светли нијанси, а сега без предупредување воведе забрана за црни автомобили.

Паркираните црни автомобили биле запленети и транспортирани на градската депонија. Граѓаните бараат автомобилите да им бидат вратени, а за тоа ќе треба да потпишат дека ќе ја променат бојата, на свој трошок.

Просечната плата во Туркменистан е 400 евра, а претседатеот Бердимухамедов вози Бугати Вејрон во светло зелена боја.

Би можело да ве интересира

Во Туркменистан се гради нов град: Чини 4,5 милијарди евра, ќе го носи името на лидерот

Пораст на физичкото насилство врз жените во Туркменистан

А1он

Синот на актуелниот претседател победи на претседателските избори во Туркменистан

Синот на претседателот на Туркменистан влегува во претседателската трка

Ана Ололовска

Задолжителна вакцинација за полнолетните граѓани во Туркменистан

Ана Ололовска

Во Туркменистан нема коронавирус – и натаму тврди претседателот, Гурбангули Бердимухамедов

Жарко Настоски