Во Туркменистан единствената земја во која има Министерство за коњи е одржан Празникот на коњите, во рамките на кој ширум земјата се одржани разни свечености.
На церемонијата одржана во Ашгабат присустуваа највисоките функционери на земјата, како и претседателот Гурбангули Бердимухамедов, кој во таа прилика ги покажа своите извонредни вештини на јавање коњ.
Претседателот во конкуренцијата на познати јавачи во таа земја го освои првото место поради, што го измами аплаузот на присутните гледачи и гости.
На церемонијата е одржан и натпревар, на кој е избран најубавиот коњ во таа земја, а наградата ја освои коњот, кој беше наречен Коркмаз.
Сопственикот на коњот за награда доби луксузен автомобил.
Интересно е што на одбележувањето на традиционалниот Празник на коњот во земјата оваа година присустуваа гости од 41 држава.