Последните години туризмот се помалку подразбира одење на некои популарни дестинации, разгледување на културното и историско богатство, одмор и уживање во убавините на тој крај, туку се повеќе е добар провод со алкохол и секс.
Ова, барем, го покажа истражувањето што го спроведе „Трипосо“.
Анкетата во која учествуваа повеќе од 700 (аван)туристи покажа дека луѓето на одмор одат за да се олабават со алкохол и да уживаат во провод на некое место каде никој не ги познава.
Четвртина од испитаниците признале дека имале врска за една ноќ во текот на престојот во странство, шест отсто признале дека на патувањата го измамиле својот партнер, а исто толку кажале дека во токот на својата авантура барале добра забава и секс.
За таквото однесување одговорен најчесто е алкохолот. Имено, 60 отсто од испитаниците признале дека во токот на патувањето во странство најчесто „упаѓаат“ во некоја авантура што била поттикната од алкохол. Алкохолот го обвинуваат за однесувањето што не би си го дозволиле во својот град, како што е уринирање на работно место и повраќање.
Дури 15 отсто од испитаниците признале и дека во токот на одморот во странство консумираат дрога, иако тоа инаку не го прават.
– На многу луѓе заминувањето на патување и одмор им е изговор да се опуштат и уживаат во авантуризмот. Луѓето во тие моменти се поотворени кон другите луѓе, новите култури, сакаат да пробаат егзотични намирници, уживаат во странската кујна и да стекнат што повеќе возбудливи искуства. Меѓутоа, неретко ја минуваат границата. Сепак, додека не правата ништо што би можело да го загрози нивниот или туѓиот живот, тоа е ОК, изјави Ричард Осинга, основачот на „Трипоса“.