Туристите не можат толку лесно да патуваат во САД

Од:

Туристичката асоцијација на САД ја повика Владата да ја поедностави процедурата за добивање на американска виза, чие комплицирано издавање ги одбива туристите.

Малиот број странски посетители се вклопува во успорувањето на економскиот раст, со оглед на тоа дека милиони потенцијални туристи патуваат во други земји.

Освен тоа деловните собири, кои би можеле да се организираат во САД се одржуваат на територии на други земји, во кои влезот е поедноставен, се наведува во извештајот на американската туристичка организација.

– Добивањето на американска виза е долготраен, нејасен и скап процес, укажуваат авторите на извештајот.

Особено внимание се посветува на посетителите од земјите со т.н. брзорастечка економија, како што се Индија, Бразил и Кина.

Според официјалните податоци, бројот на странски туристи во САД од 2000 до 2010 година е зголемен само за еден процент.

Би можело да ве интересира

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ

„Руси доaѓајте, сметаме на вас“

Предраг Петровиќ

Туристичките капацитети за празниците исполнети до 80 отсто

Горан Наумовски

Јаневски поднесе оставка од функцијата директор на Агенцијата за туризам

Катерина Ѓуровски

Во земјава нема доволно кустоси, странски водичи раскажуваат поинаква историја за нашите локалитети

Катерина Ѓуровски

Продолжениот Велигденски викенд повеќе од половина ќе ги исполни сместувачките капацитети на охридското крајбрежје

Ана Ололовска