Се помалку туристи сакаат на одморот во егзотичните земји да уживаат во друштво на животните.
Туристичките агенции масовно го укинуваат јавањето слонови во своите тури, откако тригодишната студија заклучи дека туристичката побарувачка за тој вид на активност им предизвикува болка и страдање на овие животни.
– Патниците сега бираат поинакви форми на туризам, изјави Џеф Манчестер, еден од основачите на Интерпид Травел, компанија последна во низата, која ги откажа ваквите тури.
– Нашите патници сакаат да знаат дека нивните активости на одмор никому нема да му штетат, вели тој.
Инаку една снимка од Јужноафриканската Република покажува како младите слонови се подложуваат на серија тортури, за да бидат послуши и потчинети на сопствениците.