Туристичко-угостителските капацитети во Малешевијата исполнети за Велигден

Од:

За велигденските празници во Малешевијата сите туристичко-угостителски капацитети се полни со гости од земјава и странство.

Домашните гости ги запоседнаа викенд населбите покрај Беровско езеро, Абланица, Суви лаки и Бела вода, а најголемиот број гости од странство се сместени во локалните хотели.

– Во Малешевијата најмногу странски гости за продолжениот велигденски викенд има од соседна Бугарија, но и од Србија, Грција, Холандија и една група од Мексико, вели туристичкиот работник Владо Мишовски.

Денеска, напладне локалната самоуправа ја организира традиционалната велигденска прослава, што се одржува на плоштадот „Димитар Беровски“. Во програмата настапуваат фолклорни групи, инструменталисти и интерпретатори на изворни малешевски песни и ора.

– За годинашнава велигденска прослава прв пат во Берово гостува професионален балет со наши и руски уметници, а сопствениците на кафулиња и ресторани имаат ангажирано повеќе познати македонски естрадни уметници, вели Глигор Сачкарски.

Најголемата атракција е натпреварот во кршење велигденски јајца во кој учествуваат стотици домаќини и гости, а се бира најцврстото јајце (велигденски качор), чиј сопственик добива награда од градоначалникот на Берово.

Би можело да ве интересира

Велигден – зошто не е секоја година на ист ден и како се пресметува датумот

Катерина Ѓуровски

МПЦ-ОА: Овој Велигден го славиме во канонско единство

Православните верници денеска го слават Велигден

За Велигден бесплатно паркирањето во Охрид, во вторник слободен влез во музеите низ градот

(ВИДЕО) Ковачевски со спот за Велигден: Зелената боја е зелена енергија, а тоа значи поевтина струја

Државна и црковна делегација во Ерусалим на преземање на Благодатниот оган во Базиликата на Светиот гроб

Ана Ололовска