Вила Епекуен е стар туристички град јужно од Буенос Аирес кој цели 25 години се наоѓал под вода.
Во овој град живеле околу 5.000 жители, а во 1985 година овој град бил поплавен бидејќи браната попуштила.
Неверојатно, но во градот останал да живее само еден жител. Пабло Новак е единствениот човек кој не го напуштил својот дом кога водата го поплавила градот во 1985. Тој живее во камена колиба со фрижидер и шпорет.