Туристички дестинации за љубителите „Војна на ѕвездите“

Од:

Познатиот филмски серијал ги освои срцата на многу фанови низ целиот свет, а на сцената повторно е се врати кон крајот на годината, со седмата епизода „Војна на ѕвездите: Будење на силите“.

Во меѓувреме ви претставуваме познати локации од снимањето на филмот, што секоја година го посетуваат стотици обожаватели од целиот свет.

Хотел Сиди Дрис, Матмата, Тунис

Во прашање е една од најпознатите локации на снимањето на филмот „Војна на ѕвездите“ – Татуин, место на растење на јунакот Лук Скајвокер. Иако собите се едноставни (во прашање се пештери без прозорци), креветите се многу удобни, според рецензентите на сајтот на туристичката агенција  ТрипАдвисор. Хотелот „Сиди Дрис“ е отворен преку целата година.

Долина на смртта, Калифорнија

Фиктивниот свет на Тунис воодушеви многумина, но некои епизоди од четвртата епизода „Нова надеж“ настанаа во Долината на смртта во Калифорнија.

Доколку одлучите да ја посетите Долина на смртта, би можеле да продолжите и кон Редвуд шумите. Тие во текот на снимањето на продолжението „Враќање на Џедајот“ ја претставува шумската месечина Ендор.

Вила дел Балбијанело, езеро Комо, Италија

Оваа локација во 2002 година претставуваше место на планетата Набу во продолжението „Напад на клоновите“. Отворена е секој ден, освен понеделник, среда и во текот на празниците, а посетителите можат да уживаат во нејзините волшебни градини.

Фановите на акциониот серијал на филмови на познатиот британски јунак Џејмс Бонд ќе имаат двојно задоволство со оглед на тоа што истата локација е место на снимање на филмот „Казино Ројал“.

Кинески театар ТЦЛ, Лос Анџелес

Овој необичен театар беше место на премиера на првиот филм на серијалот на 25 мај 1977 годна. Во тоа време, овој филм беше дочекан без црвен килим и без голема помпезност. Натписите „C-3PO“, „Darth Vader“ и „R2-D2“ во бетонот можат да се видат и денес.

Режисерите Џорџ Лукас и Стивен Спилберг оставија обележја на плочникот во 1984 година, а актерот Харисон Форд отисок на рака и стопало во 1992 година. Театарот се уште работи.

Национална катедрала, Вашинготн

Фановите на серијалот најверојатно веќе знаат дека на фасадата на катедралата се наоѓа главата на Дарт Вејдер во вид на скултура. Имено, одењето во црква за најмладите да биде што попријатен, во текот на реконстуркцијата на катедралата во 80-те години од минатиот век организирани се натпревари во рамките на кои децата сами ги дизајнирале скултурите.

Работата на Кристофер Рејдер освои трето место, а недолго потоа скулпутурата на неговиот омилен филмски негативец се појави на северозападната кула на катедралата.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска