Триптих на Френсис Бејкон од 1981 година продаден на аукција за 80 милиони евра

Од:

Триптих на британско-ирскиот уметник Френсис Бекон вчера е продаден за 80 милиони евра на интернет-аукција на аукциската куќа „Сотби“.

Наддавањето од двајца потенцијални купувачи – еден преку Интернет и еден преку телефон – траело 10 минути. Купувачот претпочита да остане анонимен.

Првичната проценка беше дека цената ќе достигне нешто помалку од 60 милиони евра.

Триптихот инспириран од старогрчката трагедија „Орестија“ од Есхилус, Бејкон го составил во 1981 година. Норвешкиот колекционер Ханс Аструп го купил делото 1984 година и оттогаш беше дел од неговиот музеј.

Бејкон почина во 1992 година. Друг негов триптих во 2014 година беше продаден за речиси 64 милиони евра, а претходно, во 2013 година, друго негово дело во истиот формат на наддавањето достигна рекордна цена од 124,4 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Марк Нопфлер ја продава својата колекција гитари

Дрес на Марадона на аукција – почетна цена 4.000.000 фунти

А1он

Фотографија од Мен Реј на аукција по почетна цена од рекордни пет милиони долари

А1он

Најголемиот црн дијамант продаден за 3,8 милиони евра

Ана Ололовска

Првата СМС порака е продадена за 107.000 евра

А1он

Научен запис на Алберт Ајнштајн продаден за над 11 милиони евра

Ана Ололовска