Вкусни лиснати залачиња …
Потребно е:
300 гр лиснато тесто
1 жолчка
брашно
за филот:
2 парчиња пршута
3 парчиња шунка
2 лажици помасна слатка павлака (без шеќер)
1 главица кромид, ситно сецкан
1 лажица масло
малку свеж власец, ситно сецкан
малку рендано морско оревче
Подготовка:
– На малку масло пропржете го кромидот.
– Многу ситно исецкајте ја пршутата и шунката и измешајте ги со кромидот, павлаката и сецканиот власец. Зачинете со мелено морско оревче. Немојте да солите затоа што пршутата и шунката се доволно солени.
– Набрашнете ја работната површина и развлечете го лиснатото тесто во форма на правоаголник со димензии 20 х 40 см.
– Тестото исечете го на квадрати со страна 8 см. На нив распоредете од подготвениот фил, отприлика 1 до врв полна лажица.
– Преклопете ги квадратите за да добиете триаголници. Притиснете ги краевите за да се залепат.
– Со тенок нож тенко засечете украсни засеци, но пазете да не засечете подлабока па да ви излезе филот.
– Триаголниците премачкајте ги со разматена жолчка која сте ја разредиле со неколку капки вода.
– Вака подготвените триаголници наредете ги на тава обложена со хартија за печење и ставете ги да се печат во претходно загреана рерна на 240 целзиусови степени 12-20 минути.