Три четвртини од рибите во Нил имаат микропластика во себе

Од:

Дури 75 отсто од рибите кои живеат во Нил во своите тела имаат микропластика, покажуваат најновите истражувања околу загадувањето во најдолгата река во светот.

Испитувањето го иницираше британската телевизија „Скај њуз“ со помош на египетски и британски научници, а тоа се спроведе во лабораторија во Данска. Сѐ тоа траеше повеќе од два месеца, при што е испитана загаденоста по должина на целиот тек на реката, надополнето со изјави на земјоделците, политичари, научници, ветеринари…

Фактите говорат дека реката е загадена по должина на целиот свој тек – од езерото Викторија од каде што истекува, до вливот во Средоземното Море.

Густината на микропластика во рибите и големиот процент зафатени риби е сериозна основа за загриженост околу иднината на водниот живот во Нил. Притоа, пластиката најдена во рибите, поточно делови од неа можеа да се видат и со голо око.

Микропластиката привлекува отровни материи, што значи дека, најверојатно, во телото на тие риби има и пестициди и други загадувачи.

Би можело да ве интересира

Земјата соборува глобални рекорди за топлина десетти месец по ред

(ВИДЕО) Сонда на НАСА со примерок од астероидот кој има најголеми шанси да удри во Земјата, успешно слета

А1он

ОН: Озонската обвивка постепено се обновува

Ана Ололовска

Денеска почнува зимата

Ана Ололовска

ЕСА разгледува можност за пренос на енергија од вселената на Земјата

А1он

Научна студија: Никаде на Земјата дождовницата не може да се пие

Ана Ололовска