Овие трндафили не се само декорација туку се и многу вкусни …
Потребно е:
1 пакување лиснато тесто
3-4 јаболки (најубаво црвени)
сок од 1/2 лимон
3 лажици мармалад
цимет, по желба
шеќер во прав, за посипување
Подготовка:
– Исцедете го лимонот и измешајте го со вода. Количината треба да биде доволна за да ги потопите исецканите јаболки.
– Јаболките измијте ги убаво, исечете ги на пола и исчистете ги од семките. Исечете ги на листови.
– Исечените јаболки потопете ги во мешавината од лимон и вода и ставете ги 3 минути во микробранова печка за да омекнат да можете полесно да ги виткате.
– Исцедете ги низ цедалка.
– Набрашнете ја работната површина и развлечете пола од лиснатото тесто во форма на правоаголник. Ако е потребно израмнее го по краевите со нож. Сега исечете 6 еднакви ленти.
– Мармаладот измешајте го со 2 лажици вода, малку загрејте го и измешајте убаво. Со лажица размачкајте го мармаладот по тестото.
– Подготвените јаболки наредете на лентите тесто како на сликата до половина на лентата, но внимавајте врвовите на јаболките треба да излегуваат од траката. По желба посипете со цимет во прав.
– Подигнете ја долната половина од лентата и преклопете ја преку јаболките. Потоа замотајте го тестото заедно со јаболките и ќе добиете облик на трендафил.
– Намастете го и малку набрашнете го калапот за мафини. Наредете ги трендафилите од јаболки.
– Истата постапка повторете ја со втората половина од тестото.
– Ставете да се печат во загреана рерна на 180 целзиусови степени 40-45 минути.
– Оставете да се изладат, посипете ги со шеќер во прав и послужете.