Секоја сезона носи одредени модни трендови, кои ги надополнуваат веќе постоечките модни стилови од претходните години. Ова лето, бело од глава до пети ќе биде ултимативен моден тренд.
По темните тонови кои преовладуваа во зимската облека, време е да ги изберете посветлите тонови. Оваа сезона апсолутен хит е белата боја, која всушност и никогаш не излегла од мода, бидејќи секогаш добро се согласува со парчињата облека, кои веќе ги имате.
Сепак новина е тоа што сега апсолутен хит е да се облечете во бело од глава до пети. Можете да комбинирате и различни нијанси од потемна кремаста, слонова коска, па се до светло бела.
Можностите се различни, само треба да ја пуштите фантазијата и весело да зачекорите во претстојната сезона.