Традиционални индиски колачиња

Од:

На овие вкусни колачиња нема да одолеете …

Потребно е:
2/3 чаша (од 250 мл) брашно
1/3 чаша гриз
1 чаша вода
1/2 лажиче прашок за пециво
прстофат сол
масло, за пржење

за сирупот:
2 чаши вода
1 чаша шеќер
1 лажиче куркума
1 лажиче сок од лимон

Подготовка:
– Во еден сад измешајте ги брашното, гризот, прашокот за пециво, солта и водата додека да добиете хомогена смеса. Оставете ја смесата да отстои, а потоа повторно измешајте ја пред да ја сипете во готварска шприц кеса.

– Подгответе го сирупот со вода и шеќер. Ставете ги во еден сад на рингла да се варат. Кога ќе почне сирупот да врие и ќе се згусне додадете ја куркумата и измешајте. Варете уште 5 минути.

– Тргнете го садот со сирупот од рингла и оставете малку да се излади. Сега додадете го сокот од лимон и измешајте.

– Загрејте го маслото и со помош на готварска шприц кеса истиснете од смесата во облик на спирала.

– Пржете ги додека да поруменат и веднаш ставете ги во изладениот сируп. Оставете ги кратко во сирупот за да го впијат.

– Серирајте ги топли.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска