Традиционална ирска мусака (Irish Colcannon)

Од:

Ова познато традиционално ирско јадење е многу вкусен домашен ручек, со едноставни состојки.

Подготовка:
4-5
 компири
околу 300 гр ситно сецкана сланина
1 главица кромид
3-4 млади кромидчиња
1/4 главица свежа зелка
сол и бибер, по вкус
2 лажици кисела павлака
1 лажица путер

Подготовка:
– Компирите сварете ги со лушпа, ислупете ги и грубо пропасирајте ги за да останат парченца. Додадете ја павлаката и омекнатиот путер и убаво измешајте.

– Во тава на малку масло пропржете ја сланината. Извадете ја од тавата и на истата маснотија пропржете го кромидот (стариот и младиот). Во тоа додадете ја ситно насецканата зелка и пропржете ја околу 5 минути за да овене малку. Зачинете со сол и бибер.

– Сега помешајте ги сите три смеси – зелката, сланината и компирите и сипете ги во тава за печење.

– Тавата ставете ја во претходно загреана рерна на 180 целзиусови степени околу половина час за да се запече малку јадењето и да добие убава румена коричка.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска