Еден едноставен и брз рецепт …
Потребно е:
1 главица кромид
500 гр пилешко или мисиркино месо
1 пиперка
1 тиквичка
малку шунка или сланина
1 конзерва грав
1 конзерва пченка
8 тортиљи
200 мл павлака за готвење
сол, бибер
чили во прав
мелен сув зачин
1 јајце
1 кисела павлака
малку млеко
200 гр изрендан кашкавал
Подготовка:
– Ситно исецкајте го кромидот и пропржете го на малку масло.
– Додадете го пилешкото месо сецкано на коцки.
– Додадете и малку шунка или сланина исто исецкана на коцки.
– Сега додадете ги сецканите пиперка и тиквичка и динстајте додека да испари течноста што ќе ја пуштат.
– Пред крај додадете ги гравот и пченката од конзерва. Зачинете по вкус.
– На крај сипете ја и павлаката за готвење и оставете уште кратко време да се вари.
– Тортиљите полнете ги со подготвениот фил, замотајте ги и прицврстете со чепкалки за заби за да не се отворат.
– Наредете ги во тава и прелијте ги со изматено јајце со павлака, млеко и изрендан кашкавал.
– Ставете да се печат во загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 20 минути, додека да поруменат.
– Послужете ги со салата.