Торта стара 40 години оди на наддавање

Од:

Парче свадбена торта од свеченоста на принцот и принцезата од Велс ќе биде ставено на аукција – 40 години откако британскиот престолонаследник Чарлс и Лејди Дијана го кажаа нивното судбоносно „да“.

Годишнината од „кралската венчавка од бајка“, кога наследникот на британската круна се ожени со срамежливата 20-годишна Дијана Спенсер, на 29 јули 1981 година во лондонската катедрала „Сент Пол“, е денеска. Но, нивната брачна среќа не траеше долго – тие се разделија 11 години подоцна, 1992 година, а официјално се разведоа во 1996 година.

Кришката од марципан како основа и со шлаг, е едно од 23-те тогашни свадбени парчиња. Содржи прелив од шеќер што го пресликува кралскиот грб во златно-црвено-сино-сребрена боја.

Би можело да ве интересира

Марк Нопфлер ја продава својата колекција гитари

Дрес на Марадона на аукција – почетна цена 4.000.000 фунти

А1он

Фотографија од Мен Реј на аукција по почетна цена од рекордни пет милиони долари

А1он

Најголемиот црн дијамант продаден за 3,8 милиони евра

Ана Ололовска

Првата СМС порака е продадена за 107.000 евра

А1он

Научен запис на Алберт Ајнштајн продаден за над 11 милиони евра

Ана Ололовска