Торта со топчиња од бисквити

Од:

Многу декоративна и вкусна торта …

Потребно е:
за корите:
6 белки
6 жолчки
100 гр шеќер
30 гр мелени ореви
30 гр брашно
5 гр прашок за пециво

за филот:
1 л млеко
3 пудинга од ванила
3 лажици брашно
250 гр шеќер
250 гр путер или маргарин

за топчињата од бисквити:
200 гр мелени бисквити
200 гр мелени ореви
околу 100 мл сок од портокал
20 гр какао во прав
100 гр путер или маргарин

за ганаш кремот:
100 гр чоколадо
200 мл слатка павлака

Подготовка:
– Прво подгответе го тестото за корите. Во подлабок сад ставете ги белките и шеќерот и изматете ги во густ шлаг. Додадете ги жолчките, мелените ореви, брашното и прашокот за пециво. Убаво изматете и смесата сипете ја во округол калап со дијаметар од 28 см на кој само на дното ставете хартија за печење.

– Ставете го да се пече во загреана рерна на 160 целзиусови степени околу 50 минути.

– Испечената кора оставете да се излади и потоа пресечете ја на пола по должина.

– За филот, одвоите малку од млекото, а преостанатото заедно со шеќерот ставете да се вари. Во млекото што го издвоивте ставете ги пудинзите и брашното и убаво измешајте за да нема грутки. Кога ќе проврие млекото додадете ја полека смесата со пудинг и мешајте додека да се згусне. Оставете да се излади и додадете го изматениот путер или маргарин.

– За топчињата, растопете го путерот или маргаринот и додадете ги сокот од портокал, мелените ореви, какаото во прав и мелените бисквити. Убаво измешајте ја смесата, најубаво со рака додека да се соединат сите состојки. Од смесата правете топчиња со големина на орев. Треба да добиете околу 43 топчиња.

– За ганаш кремот, загрејте ја слатката павлака (пазете да не почне да врие). Додадете го чоколадото искршено на парчиња и мешајте додека да се растопи. Оставете да се излади.

– Почнете со редење на тортата. На чинија ставете ја едната кора и одозгора рамномерно нанесете 1/2 половина од филот. Потоа ставете ја втората кора и нанесете го остатокот од филот. Над филот рамномерно нанесете го изладениот ганаш крем.

– Украсете ја по желба, со изматен шлаг, а од околу со мелени бисквити.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска