Торта со пиво (посно)

Од:

И во време на пости може да направите вкусен десерт …

Потребно е:
1 л пиво
900 гр ореви
700 гр шеќер
400 гр меко брашно
4 лажици масло
1 лимон
2 кесички ванилин шеќер
1 лажиче сода бикарбона
џем од кајсии

Подготовка:
– Во еден сад ставете 500 гр од шеќерот, 500 гр од мелените ореви, 400 гр меко брашно, изрендана кора и сок од 1 лимон, 1 лажиче сода бикарбона, 4 лажици масло и 1/2 л пиво. Замесете тесто.

– Од ова тесто испечете две округли кори во загреана рерна на 180 целзиусови степени 15-20 минути.

– Додека се печат корите подгответе го филот. Растопете го шеќерот со 1-2 лажици вода да добиете карамел шеќер. Додадете 250 гр мелени ореви и ванилиниот шеќер.

– Прво едната кора премачкајте ја со џем од кајсии, а потоа со филот. ставете ја втората кора и повторете ја истата постапка.

– Одозгора тортата посипете ја со сецкани ореви и послужете.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска