Потребно е:
6 јајца
180 гр шеќер
150 гр брашно
30 гр какао
2 кесички ванилин шеќер
за кремот со алва:
1 пакување алва (420 гр)
100 мл млеко
1 лажица путер
за кремот од карамел:
10 лажици шеќер
250 мл млеко
3 лажици нишесте
1 лажиче путер
за премачкување на тортата:
100 гр црно чоколадо
100 гр шеќер
100 мл вода
Подготовка:
– Порво подгответе го тестото. Во еден сад изматете ги јајцата со шеќерот. Со лажица додадете го брашното и какаото и внимавајте да не спласне смесата.
– Добиената смеса сипете ја во тава која претходно сте ја обложиле со хартија за печење и ставете да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени. Птоверете со чепкалка за заби дали е печено тестото и извадете го од рерна.
– Преминете на подготовка на кремот со алва. Во сад на рингла ставете ги млекото и путерот и загрејте ги да се растопи путерот, но да не почне да врие.
– Тргнете го садот од рингла и додадете ја алвата. Мешајте додека да се растопи алвата и да добиете хомогена смеса.
– За кремот од карамел во сад на врела рингла ставете го шеќерот и оставете да се карамелизира. Полека додадете го млекото. Карамелот веднаш ќе се згусне. Оставете го садот на рингла додека да се растопи карамелот во млекото.
– Растворете го нишестето во малку вода и додадете го во карамелизираното млеко. Мешајте 10-15 минути додека да се згусне смесата. Тргнете го садот на страна и додадете го путерот.
– За премачкување на тортата во сад на рингла ставете ги водата и шеќерот и оставете да провријат. Тргнете го садот на страна и додадете го искршеното чоколадо. Мешајте додека да се растопи чоколадото и да добиете хомогена смеса.
– Со миксер изматете го путерот и додадете го чоколадото кога ќе се излади. Повторно изматете.
– Кората исечете ја на три еднакви делови. првиот дел ставете го на тацна и по желба испрскајте го со сок од малини. Премачкајте го со првиот крем.
– Одозгора ставете ја втората кора и премачкајте ја со вториот крем. Над неа ставете ја и третата кора и прамачкајте ја со кремот од чоколадо.
– Тортата ставете ја во фрижидер убаво да се излади и да се стегне и потоа исечете ја на парчиња и послужете.