Вкусна кремаста овошна торта …
Потребно е:
за кората:
5 јајца
5 лажици шеќер
5 лажици брашно
1 прашок за пециво
1 ванилин шеќер
за филот:
500 гр шеќер
500 мл + 150 мл вода
500 гр вишни
5 полни лажици нишесте
150 гр шлаг крем во прав
Подготовка:
– Подгответе го тестото за кората со матење на јајцата, шеќерот, брашното, прашокот за пециво и ванилиниот шеќер. Смесата сипете ја во округол сад за печење со дијаметар од 26 см кој претходно сте го намастиле и посипале со малку брашно. Ставете да се пече во загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 20 минути. Печената кора оставете ја да се излади.
– Во меѓувреме преминете во подготовка на филот. Во сад на рингла ставете да се вари вода и шеќер околу 10 минути.
– Потоа ставете ги вишните заедно со течноста која што ќе ја пуштат и варете 10-15 минути. Исцедете ги вишните, а течноста (отприлика околу 800 мл) поделете ја на два дела.
– Со 200 мл врела течност прелијте ја кората, а вториот дел од течноста ставете ја во сад на рингла, додадете го нишестето разматено во 150 мл ладна вода и арете го додека не се згусне.
– Тргнете го садот од рингла и додадете ги исцедените вишни, измешајте и прелијте ја смесата преку кората.
– Кога ќе се излади филот, изматете го шлаг кремот според упатството на пакувањето и премачкајте го над филот.