Совршено слатко задоволство за време на пости…
Потребно е:
За корите:
250 г мед
250 мл пиво
200 г шеќер
1 лажица сода бикарбона
380 г брашно
малку шеќер во прав за посипување
За филот:
300 г шеќер
200 мл вода
300 г мелени ореви
300 г варена мелена пченица
малку рендано морско оревче
2 кесички ванилин шеќер
Подготовка:
– Соединете ги медот, пивото и шеќерот и мешајте ги за да се растопат медот и шеќерот. Додадете сода бикарбона и брашно. Замесете меко тесто.
– Откако ќе го измесите тестото, поделете го на 4 дела.
– Од секој дел во тавче обложено со хартија за печење испечете кора во загреана рерна на 180 Целзиусови степени. Корите се печат кратко време, пазете да не ви изгорат.
– За фил, во сад соединете ги со постојано мешање 300 г шеќер и 200 мл вода. Додадете 300 г мелени ореви и 300 г варена мелена пченица со малку рендано морско оревче и 2 кесички ванилин шеќер.
– На една поголема чинија ставете ја прво едната кора и премачкајте ја со претходно подготвениот фил. Повторете ја истата постапка и со другите две кори. Третата кора посипете ја со шеќер во прав.