Чанта во која има остатоци месечев прав беше продадена за 1,8 милиони долари на наддавање во аукциската куќа „Сотбис”.
Белата платнена торбичка со патент, со размер 20 х 30 сантиметри му припаѓала на астронаутот Нил Армстронг. Тој ја искористил за собирање месечеви камчиња во 1969, кога, како што велат, првпат стапнал на Месечината.
Артефактот од „Аполо 11″ е особено вреден и поради една друга причина. Имено, чантичката во 2015 беше по грешка продадена на владина онлајн аукција, и тоа за 995 долари. НАСА потоа водеше борба за да ја врати во свој посед, но во декември законот одлучи дека сопственик на чантата е жената којашто ја купила во 2015 година.
Засега не се соопштува кој е новиот сопственик на „историската чанта“. Претходниот сопственик ја испрати прашината во НАСА заради утврдување на автентичноста, а вселенската агенција потврди дека соодржината во чантата е месечев прав, темно-сива прашина, налик на барут.