Ако не знаете што да зготвите за ручек или вечера, а ги имате сите овие намирници во кујна, не се двоумете и направете си топено сирење.
Потребно е:
600 гр фета сирење
200 гр мек кашкавал (ајдамер)
200 гр сувомеснато, по желба (печеница, пршута, свински врат, кулен, шунка)
200 гр шампињони
кечап
оригано
бешамел сос
Подготовка:
– Прво, направете го бешамелот.
– Фета сирењето исечете го на парчиња.
– Земете еден поголем сад во кој ќе го печете сирењето и на долниот дел од садот ставете половина од сирењето. Прелијте со половина бешамел сос. Над сосот наредете сувомеснато, сечкани печурки, кечап, зачинете со оригано и наредете неколку парчиња кашкавал. Над кашкавалот, ставете го преостанатото сирење, прелијте со бешамел и завршете со парче кашкавал.
– Вака подготвено, ставете го во незагреана рерна и вклучете ја на 200 целзиусови степени.
– Печете 30 минути, додека кашкавалот да добие убава боја.